Политички партии

Алијанса за Албанците обвини за дискриминација

На денешната прес -  конференција во Тетово,  партијата Алијанса за Албанците изразија револт и грижа, за како што рекоа, постојаната дискриминација што се врши кон Албанците во полето на уметноста - филмската дејност.

Тетово, 29 јули 2021 (МИА) – На денешната прес –  конференција во Тетово,  партијата Алијанса за Албанците изразија револт и грижа, за како што рекоа, постојаната дискриминација што се врши кон Албанците во полето на уметноста – филмската дејност.

Според нив, неправдата во овој сегмент продолжува,  а проблем е што се продлабочува.

– Аргумент за ова се трите последни конкурси на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, двата конкурси од 2020 година и конкурсот од оваа година. На првиот конкурс од 2020 година, Агенцијата за филм, за албанските продукции издвои 16 проценти средства од вкупниот буџет.  Со вториот конкурс неправедноста се продлабочува уште повеќе, оди на 10 проценти издвоени средства за албанската продукција.  Овој конкурс, на кој што резултатите се објавија ден претходно, продолжува да ги дискриминира албанските филмски работници, а со ова и сите Албанци кои живеат во Северна Македонија, истакна на прес-конфренција Музафер Етеми од тетовскиот огранок на Алијанса за Албанците.

Тој смета дека посочената агенција ги крши сопствените правила кога станува збор за финансиските средства.

-Оваа Агенција доаѓа во судир со себе, ги крши правилата што таа самата ги поставила. Не ги поддржува професионалците!  Тие малку средства што ги дели, им ги дели на непрофесионалците, што само по себе ја комплицира ситуацијата, бидејќи во овој случај јасен е резултатот: проекти само за да се каже дека ги има и начинот продолжува: еве, ние им даваме пари, но, тие не умеат. Само за информација, граѓаните треба да знаат дека директорот на Агенцијата за филмови нема ниту една допирна точка со филмската дејност-апсурд.  Се поставува прашањето: Зошто постојат на високите позиции албанските политички “претставници“?  Која е нивната задача? Почитувани граѓани, тие се излажани и си ги полнат џебовите, а во исто време не лажат, ни ги празнат џебовите и не посрамотуваат.  Алијанса за Албанците нема да ја дозволи оваа неправда, заедно со граѓаните ќе и стави крај на измамничката династијата преполна со лаги, посочи Етеми на крајот на прес-конференцијата. ас/цр/

Таг
Back to top button
Close
Close