Политички партии

Алијанса за Албанците: Корупцијата на ДУИ излезе на виделина

Кривичните пријави од Единицата за економски и компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи во Скопје сведочат за институционалната корупција, која за жал не е единствениот случај со поштата во Чаир! 

Скопје, 16 мај 2020 

Кривичните пријави од Единицата за економски и компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи во Скопје сведочат за институционалната корупција, која за жал не е единствениот случај со поштата во Чаир! 

Ги осудуваме кривичните дела извршени во поштата на Чаир од страна на вработените на штета на граѓаните од истата општина! 

Бараме одговорност за целиот корумпиран ланец што се одвива токму пред изборите што треба да се одржат во наредните месеци со цел купување гласови. 

Поради неговата неспособност, небрежност и недостаток на правично управување, бараме оставка од директорот на оваа функција, Ејуп Рустеми, кој е кадар на ДУИ. 

Потсетуваме дека ваквите акти во поштата во Чаир никогаш не се случиле сè додека оваа филијала беше предводена од потпретседателката на Алијансата за Албанците, Бујаре Абази, која не дозволи никаква злоупотреба, па дури и отпушти луѓе кои се обиделе да ја злоупотребуваат службената должност. Ова сведочи за чистите фигури на нашата партија. 

Алијанса за Албанците

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close