Оригинални текстови

Алијанса за Албанците: Ги повикуваме институциите, граѓаните и приватните компании да помогнат во борбата против пожарите

Загрижени од критичната состојба со пожарите во кочанскиот регион, изразуваме солидарност со жителите, пожарникарите и сите екипи кои се ангажирани во борбата против пожарите.

Скопје, 2 август 2021

Загрижени од критичната состојба со пожарите во кочанскиот регион, изразуваме солидарност со жителите, пожарникарите и сите екипи кои се ангажирани во борбата против пожарите.

Ги повикуваме институциите, но и граѓаните и приватните компании кои имаат соодветна механизација и алатки да придонесат во спасувачката акција.

Овие се ситуации кога сите ние треба да покажеме солидарност и да се посветиме на спречување на поголеми трагедии.

Алијанса за Албанците ги повикува граѓаните во сите области на земјата, особено тие на кои што им се заканува постојана опасност, да го зголемат нивото на претпазливост. Ја повикуваме Владата и институциите исто така да бидат претпазливи и поодговорни во справувањето и спречувањето на ризиците од пожарите.

Алијанса за Албанците

_____________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Back to top button
Close
Close