Политички партии

Алијанса за Албанците: ДУИ го користи коронавирусот за политички поени, го загрозува здравјето на граѓаните

Искористувањето на партиските активисти во ваква ситуација кога сме повикани да останеме дома и да се изолираме, е во спротивност со сопствените препораки и обврски произлезени од владата. Овој потег ги става на директен ризик активистите, и не помага за подобрување на ситуацијата, напротив, овозможува вирусот да се шири, и бројот на заразени да расте. Да беа овие мерки искрени, сигурно ние како Алијанса за Албанците ќе ги поздравивме.

Скопје, 13 март 2020

Искористувањето на партиските активисти во ваква ситуација кога сме повикани да останеме дома и да се изолираме, е во спротивност со сопствените препораки и обврски произлезени од владата. Овој потег ги става на директен ризик активистите, и не помага за подобрување на ситуацијата, напротив, овозможува вирусот да се шири, и бројот на заразени да расте. Да беа овие мерки искрени, сигурно ние како Алијанса за Албанците ќе ги поздравивме.

Кога првичните препораки требаа да бидат дистрибуирани и во други јазици, освен на македонски, Министерството за здравство, и заменик министерот на ДУИ не преземаа ниту еден чекор во однос на ова прашање.

Алијансата за Албанците во неколку наврати јавно реагираше на прашањето за преведување на овие материјали и на албански јазик, со цел точно да се информира албанското население за тоа што треба да се стори за да се спречи и заштити од феноменот на КОВИД-19. Кога Министерството за здравство не одговори, Алијансата за Албанците, односно одделот за здравство, ја презеде оваа одговорност.

Тоа што денеска се случува од штабот на ДУИ, ја покажува уште еднаш нивната неискреност кон народот.

Во ситуација кога целата јавност гледа кон Министерството за здравство, кога сите се обидуваме да се сенсибилизираме, во ситуација кога некои граѓани се во паника од евентуалните последици од овој феномен, во ситуација кога заштитата на граѓаните е главен приоритет, искористувањето на младите активисти не е ништо други освен експлоатација на нивниот труд, додека од друга страна игнорирањето на албанскиот јазик е навреда и потценување за сите нас.

Уште еднаш потенцираме дека активистите се необучени и неквалификувани за ваква сериозна состојба што може само да придонесе во влошување на состојбата на теренот. Наместо опасни изборни импровизации кои ги загрозуваат животите на граѓаните, ја повикуваме владата на која е дел и ДУИ да пристапи кон оваа пандемична вонредна состојба на институционален начин и во согласност со препораките на релевантни меѓународни организации и потребите на граѓаните.

Нека се грижиме за граѓаните и нивното здравје, а не за изборната кампања.

Алијанса за Албанците

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Back to top button
Close
Close