Политички партии

Алијанса за Албанците: ДУИ ги злоупотребува институциите за вработување и кампања

Практиката за предизборни вработување стана навика на политичките партии, кои ја искористуваат власта до последниот ден за купување гласови.

24 јануари 2020

Практиката за предизборни вработување стана навика на политичките партии, кои ја искористуваат власта до последниот ден за купување гласови.

Алијанса за Албанците остро реагира на злоупотребата на работната сила и ги повикуваме надлежните органи, имено Антикорупциската комисија, да преземат конкретни мерки за да се спречи оваа појава. Властите не треба да молчат во такви случаи кога законот е отворено прекршен.

Оваа практика и штети на слободните и демократски избори, а пред сè им штети на самите граѓани кои стануваат игра на власта. Граѓаните не треба да им веруваат на ваквите вработувања и да го продаваат својот глас за работа. Вработувањето е нивно право што никој не може да го негира, па затоа не смее истата да биде основа за нивната политичка определба.

Алијанса за Албанците ќе се обиде да го спречи овој феномен со сите нејзини сили, затоа што народот е тој што треба да ја држи власта на раце, а не обратно. Владата не смее да ги држи луѓето во свои раце.

Алијанса за Албанците

__________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close