Политички партии

Алијанса за Албанците: ДУИ, дури и во вонредна состојба, шири лаги за партиски интереси!

Почитувајќи ја целосно чувствителноста на ситуацијата останувајќи надвор од политиката, не значи дека ќе премолчиме на лагите што ги објавува ДУИ!

Скопје, 29 март 2020

Почитувајќи ја целосно чувствителноста на ситуацијата останувајќи надвор од политиката, не значи дека ќе премолчиме на лагите што ги објавува ДУИ! Срамно е за заменик министерот на ДУИ во Министерството за внатрешни работи, г. Агим Нухиу кој ја користи вонредната ситуацијата за да шири дезинформации за вработувањето на албански полицајци, кои несомнено се под законски загарантираниот процент.

Според заменик министерот Нухиу, биле ангажирани 130 млади албански полицајци, но тоа воопшто не е вистина бидејќи од вкупно 532 кандидати, 114 од нив се изјасниле за албанци. Кога велиме дека се изјасниле, според најновата практика често се подразбира дека Македонците се претставени како Албанци само за да се добие едно работно место што е обезбедено за Албанец, што значи дека дури и 114-те прогласени Албанци не значи дека се сите Албанци. .

Наместо дезинформација, заменик министерот Нухиу е подобро да се посвети да го зголеми бројот на Албанците во Министерството за внатрешни работи, а исто така да работи повеќе на надминување на состојбата со коронавирусот, наместо да се занимава со ниските политики во оваа ситуација!

Алијанса за Албанците

_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close