Политички партии

Алијанса за Албанците бара разрешување на министерката Мизрахи

За кршење на законот и поттикнување говор на омраза од страна на техничката министерка за труд и социјална политика треба да резултира со нејзино разрешување од функцијата министер.

11 февруари 2020

АА бара разрешување на техничката министерка Мизрахи за кршење на законот

За кршење на законот и поттикнување говор на омраза од страна на техничката министерка за труд и социјална политика треба да резултира со нејзино разрешување од функцијата министер.

Нејзиното однесување е непристојно и навредливо, така што за таквото однесување треба да сноси одговорност.

Зборот министер значи слуга и со оглед на тоа што секој министер доаѓа во таа позиција да му служи на народот, истиот мора да се однесува согласно обврската што ја преземаат од моментот на нивното назначување.

Потсетуваме дека албанскиот јазик е јазик чија употреба е загарантирана со закон и устав, кој јазик исто така го зборуваат повеќе од 1/3 од вкупното население во земјата со домородни и историски права.

Алијанса за Албанците остро реагира на однесувањето на техничката министерка која директно го крши законот, додека од друга страна е подготвена да ја плати казната со парите на министерството, заборавајќи дека буџетот на тоа министерство го исполнуваат албанските даночни обврзници чиј јазик министерката се обидува да го негира!

                 Алијанса за Албанците

-МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close