Политички партии

Алијанса на Албанците: ДУИ ги покажува првите знаци на страв од пораз

Дека ДУИ ги покажува првите знаци на страв од длабокиот пораз, говорат реакциите на оваа партија, напишани без основа!

Скопје, 10 јануари 2020

Дека ДУИ ги покажува првите знаци на страв од длабокиот пораз, говорат реакциите на оваа партија, напишани без основа!

Всушност, тие и треба да се плашат, бидејќи се приближува денот кога моќта на власта ќе биде на рацете на народот, кој со нетрпение го чека 12 за да ја направи разликата.

За сите овие години на власт, оваа партија на моменти се прегрнуваше со ВМРО а на други со СДСМ, станувајќи нивна слуга само за да бидат дел од власта. И ова го докажаа тие самите неколку пати.

12 април ќе означи нова ера за Албанците во земјава, надеж и живот за сите, не само за нивните партиските војници.

Бидејќи промените ќе се појават како резултат на лошата политика со години, затоа што никој не е против нив како индивидуи, туку против нивната штетна политика.

Повеќе го нема тој „опозициски лидер“ кој секогаш ќе ја држи ДУИ на власт, затоа што е време самата ДУИ да биде опозиција.

Алијанса на Албанците

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close