0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Алегри бара клуб со амбиции

Поранешниот тренер на Милан и Јувентус, Масимилијано Алегри е подготвен да се врати на работа.

Рим, 6 јули 2020 (МИА) – Поранешниот тренер на Милан и Јувентус, Масимилијано Алегри е подготвен да се врати на работа.

Педесет и двегодишниот специјалист го напушти клубот од Торино во јуни 2019 година и оттогаш е без ангажман.

– Се одморив, ги наполнив батериите и останав со семејството во Ливорно. Без разлика каде, јас барам клуб кој има големи натпреварувачки и победнички амбиции, изјави Алегри.

На прашањето дали би прифатил тим од Шампионат на Шпанија, италијанскиот фудбаски стручњак со одговор: „А кој ќе одговори со НЕ на ова прашање“.

Претходно беше објавено дека за Алегри се заинтересирани Пари Сен-Жермен и Манчестер јунајтед. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close