0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Алегри ја одбил Борусија Дортмунд

Од вчера, менторот веќе не е во договорна врска со „старата дама“, откако оваа година одлучи да се одмори и да биде со семејството.

Дортмунд, 2 јули 2020 (МИА) – Поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри, одби да ја преземе Борусија Дортмунд, според последните гласини.

Од вчера, менторот веќе не е во договорна врска со „старата дама“, откако оваа година одлучи да се одмори и да биде со семејството.

Според „Sky Sports Italy“, Борусија му понудила двегодишен договор на стручњакот за замена на сегашниот тренер Лусиен Фавр, кој, сепак, одбил затоа што сака да ја продолжи кариерата во Англија.

Сонот на Алегри се вели дека е да го води Манчестер Јунајтед, но тој би се согласил да води и поамбициозен проект во Премиер Лигата доколку му се даде шанса да го стори тоа.

Педесет и две-годишниот тренер постигна сериозен успех на кормилото на Јувентус, иако ги загуби двете финалиња во Лигата на шампионите, што ги играше со тимот во 2015 и 2017 година.

Таг
Back to top button
Close
Close