БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Албанските здравствени власти предупредија на враќање на мерките за изолација

Албанските здравствени власти предупредија на можноста да ги вратат строгите мерки на изолација, доколку продолжи да расте бројот на новозаразени со Ковид-19 и непочитувањето на препораките.

 

Тирана,15 мај 2020 (МИА) – Албанските здравствени власти предупредија на можноста да ги вратат строгите мерки на изолација, доколку продолжи да расте бројот на новозаразени со Ковид-19 и непочитувањето на препораките.

Во последните 24 часа во оваа земја регистрани се 18 нови случаи исто колку и вчера, по неколкудевните минимални бројки на новозаразени.

-Ако работите продолжат да се влошуваат како во последните денови, ќе бидеме приморани да преземеме чекори наназад. Препораките се донесени за да се почитуваат а не да се игнорираат. Ние не преговараме за здравјето на граѓаните со ништо и со никого, изјави Огерта Манастирлиу министерка за здрвство и социјална заштита.

Додаде дека како здравствени институции тие го поддржуваат олеснувањето на мерките, но само под услов граѓаните да ги почитуваат правилата.

-Имам апел за сите граѓани. Фактот дека многумина од вас немаат роднина, член на семејство или познат засегнат од вирусот не значи дека вирусот не е присутен. Уште помалку тоа може да биде причина да не се следат правилата и да се намали будноста , рече Манастирлиу.

Досега во Албанија тестирани се 11.988 граѓани,при што позитивен резултат е добиен кај 916 лица.вт/

Back to top button
Close
Close