БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Албанските студенти одбија да разговораат со Рама и најавија штрајк со глад

Премиерот на Албанија, Еди Рама, не успеа да ги убеди студентите, кои протестираат, да се сретнат со него и да разговараат за нивните барања.

Тирана, 10 декември 2018 (МИА) – Премиерот на Албанија, Еди Рама, не успеа да ги убеди студентите, кои протестираат, да се сретнат со него и да разговараат за нивните барања.

На денешниот, седми ден од студентските протести, кои стануваат се помасовни и се прошируваат и во другите градови, студентите, одбија какви било разговори. Тие наведоа дека ќе ги прекинат протестите едниствено ако целосно  се исполнат нивните девете барања.

Нема разговори, ниту со премиерот ниту со минстерката за образование. Утре закажуваме уште помасовен протест и доколку заклучно со утрешнот ден не ни бидат исполнети барањата стапуваме во штрајк со глад, најавија студентите.

Меѓу барањата поставени од студентте е во управите на унверзитетите да има нивен претставник, подобрување на условите за сместување во студентските домови, двојно намалување на школарината, зголемување на буџетот за високото образование и проверка на потеклото на имотот на професорите.

Рама во видео снимка објавена на Фејсбук им порача дека Владата е подготвена за дијалог, но оти автономните универзитетски одбори имаат овластување да ги исполнат повеќето од овие барања на студентите, вклучувајќи го инамалуваето на школарната за 50 отсто.

Претходно, Владата ја укина зголемената тарифа за плаќање изгубена година и за полагање заостани испити.

Простетте се одржуваат пред Министерството за образование со блокирање на улиците. Студентите апелираа до партиите да не им се придружуваат и да не ги политизираат протестите. Тие исто така не им дозволија да им се придружат ни жителите од населбата „Астир“ во Тирана, чии домови треба да се урнат за да се изгради големата обиколница. Тие протестраат повеќе од месец дена. вт/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close