БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Албански инфектолог предупредува: Се уште сме на половина пат

Покрај фактот што во Албанија трендот на новозаразени опаѓа, а бројот на излекувани расте, познатиот албански инфектолог Тритан Кало упати апел до граѓаните да продолжат со почитувањето на препораките и да бидат максимално внимателни.

Тирана, 4 мај 2020 (МИА) – Покрај фактот што во Албанија трендот на новозаразени опаѓа, а бројот на излекувани расте, познатиот албански инфектолог Тритан Кало упати апел до граѓаните да продолжат со почитувањето на препораките и да бидат максимално внимателни.

Во видео пораката од Инфективната клиника, што ја објави министерката за здравство Огерта Манастирлиу, докторот вели дека состојбата со коронавирусот се уште е на половина пат и оти не ја покажал целосната слика на проблематиката.

– Ви се обраќам од ургентното одделение на Инфективната клиника. Ве повикувам, по олеснувањето на мерките, да не го либерализирате или минимизирате нивото на грижа и внимание кон себе, затоа што се уште сме на половина пат и се уште имаме предизвици со кои треба да се соочиме во иднина, апелира доктор Кало.

Тој посочува дека самогрижата, грижата за другите, личната и колективната хигиена, здравата исхрана, следењето на препораките, не само што не треба да се потценуваат, туку треба да се потенцираат се повеќе, „затоа што Ковид-19 се уште не ја покажа целосната слика на проблематиката што ја носи со себе“.

Во Албанија со новодијагностицираните осум случаи во последното деноноќие, бројот на заразени е 803 лица.

Од вкупната бројка, 68 отсто се оздравени, додека 31 се починати. Се уште активни се 229 лица, поголемиот број со лесна форма и се лекуваат во домашни услови, додека болнички се лекуваат 34, од кои седум се на интензивна терапија. вт/

Таг
Back to top button
Close
Close