0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштество

Албанска парламентарна комисија првпат во посета на Пустец 

Членовите на Комисијата за правни работи, јавна администрација и човекови права на Собранието на Албанија, со поддршка на ОБСЕ, беа во посета на општина Пустец каде што се сретнаа со градоначалникот Пали Колефски и неговите соработнци. Нивната средба беше на покана на пратеникот Васил Стерјовски кој потекнува од Пустец, 

Пустец, 19 февруари 2020 (МИА) – Членовите на Комисијата за правни работи, јавна администрација и човекови права на Собранието на Албанија, со поддршка на ОБСЕ, беа во посета на општина Пустец каде што се сретнаа со градоначалникот Пали Колефски и неговите соработнци. Нивната средба беше на покана на пратеникот Васил Стерјовски кој потекнува од Пустец,

Ова е првпат парламентарна комисија на албанскиот законодавен дом да ја посети општина Пустец. На средбата стана збор за положбата на припадниците на македонската заедница во општина Пустец, нивната интеграција и предизвивиците со кои се соочува општината.

Градоначалникот Колефски ги покрена прашањата кои се поврзани со условите за живот, немањето вода за пиење и канализација, лошата патна инфраструктура, малиот буџет кој општината го добива од централната власт.

Директорот на гимназијата, Трајан Ванѓеловски, го покрена прашањето за недостигот на учебници по предметите што треба да се одржуваат на наставата по македонски јазик.

-За проблеми кои се покренаа на оваа средба ќе подготвиме извештај како комисија и ќе бараме од надлежните институции решавање на овие проблеми. Сакам посебно да ја нагласам најголема почит за македонската заедница во Албанија, која е мирољубива, достоинствена и трудољубива. Пратеникот Васил Стерјовски е најдобриот адвокат на македонската заедница во албанското Собрание, рече Улси Мања, претседател на комисијата, додавајќи дека македонската заедница е мост на соработка меѓу Албанија и Македонија.

Васил Стерјовски им се заблагодари на колегите за нивната посета на општина Пустец.

– Проблемите кои ги слушнавте во општина Пустец редовно сум ги покренувал во Собранието, но друго е кога пратениците доаѓаат да видат одблиску, да се запознаат со условите за живот во општина Пустец која е запоставена во последните 30 години. Со мало внимание од централната власт, општина Пустец ќе стане пригодно место за живеење, рече Стерјовски.

На средбата присуствуваше и потпретседателката на албанскиот Парламент Василика Хиси, која  е Гркинка по потекло. На својот фејсбук-профил по посетата таа напиша:

„Живовописно место со одлични можности за развој на туризмот е Пустец во Преспа, населено со македонското малцинство. Правната комисија оствари средба со раководството на општина Пустец. На состанокот се разговараше за интеграцијата на македонското малцинство, образованието на мајчин јазик, промовирање на традицијата и културата, зајакнување на капацитетите за силна општина”. вт/хс/

Back to top button
Close
Close