БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Албанија утре го воспоставува меѓународниот поморски транспорт на патници

Албанското Министерство за инфраструктура и енергетика, заедно со Генералната дирекција за поморска пловидба соопштија дека од утре повторно се воспоставува поморскиот сообраќај, прекинат на 10 март поради пандемијата со Ковид-19.

Тирана, 21јуни 2020 (МИА) – Албанското Министерство за инфраструктура и енергетика, заедно со Генералната дирекција за поморска пловидба соопштија дека од утре повторно се воспоставува поморскиот сообраќај, прекинат на 10 март поради пандемијата со Ковид-19.

Преку соопштение Министерството објави дека целиот процес е насочен кон гарантирање на безбедноста на здравјето на патниците, строго исполнување на сите безбедносни протоколи, одобрени од Министерството за здравство, врз основа на упатствата на меѓународните институции.

-Земајќи ги предвид барањата на лиценцираните оператори во поморски сообраќај за патници и изјавата на Европската комисија од 11 јуни 2020 година, за отстранување на патните ограничувања почнувајќи од 1 јули 2020 година, Министерството за инфраструктура и енергетика објавува дека почнувајќи од понеделник, 22 јуни 2020 година, ќе бидат дозволени сите меѓународни линии за поморски патнички превоз, стои во соопштението на Министерството.

Се додава дека меѓународните поморски компании за превоз на патници ќе бидат одговорни и за тоа да ги информираат патниците за можните ограничувања на поаѓањата од пристаништата на Република Албанија и дестинацијата, како и правилата за здравствена заштита и безбедност во земјата каде тие треба да пристигнат.

Генералната дирекција за поморска пловидба ќе го следи спроведувањето на сите мерки, како и акциониот план за реализација на обврските предвидени со Протоколот за работа со поморскиот транспорт, одобрен од Министерството.

Во изминатиот тримесечен период сепак беше дозволено пловење само на траекти кои превезуваат стока, главно увоз на пченица а потоа градежни материјали. вт/

Таг
Back to top button
Close
Close