БалканБалкан.ПорталДописници СветСвет.Слајдер

Албанија: Се испитува дали 15-годишен Авганистанец мигрант е заразен од коронавирус

За едно 15-годишно момче, мигрант од Авганистан, постои сомнение дека е заразено со коронавирус, јави телевизија Ора њуз.

Тирана, 27 февруари 2020(МИА) – За едно 15-годишно момче, мигрант од Авганистан, постои сомнение дека е заразено со коронавирус, јави телевизија Ора њуз.

-Кругот се стеснува. Иако во Албанија сè уште нема потврдено ниту еден случај со коронавирус, заканата е евидентна. Полицијата откри група авганистански имигранти, кои на албанска територија влегле од Грција кај преминот „Ќаф бота“. Еден од нив резултирал со висока температура. Станува збор за 15-годишно момче, за кое се очекуваат резултати од лабораторијата на Инситутот за јавно здравје,наведува телевизјата.

Лекарите на преминот изјавиле дека момчето иако имало висока телесна температура не се сомневаат дека станува збор коронавирус, но сепак ги очекуваат резултатите.

Според истиот извор засилени се мерките и на овој премин и оти се контролира секој патник. Од таму потврдуваат дека во текот на денешниот ден нема кинески државјани за влез во Албанија, додека влегле двајца Италијанци.вт/сд/

Back to top button
Close
Close