БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Албанија:Министерството демантира дека има лице заразено од коронавирус

Албанското Министертво за здравство ја демантираше веста на медиумите дека едно лице е хоспитализирано, поради сомнежи дека е заразено од коронавирусот.

Тирана,29 јануари 2020(МИА) – Албанското Министертво за здравство ја демантираше веста на медиумите дека едно лице е хоспитализирано, поради сомнежи дека е заразено од коронавирусот.

Медиумите навдуваат дека станува збор за студетка која се вратила од Кина.

-Нема ниту една студентка која е хоспитализирана во инфективната клиника. На инфективната клиника е една жена која била во Кина а пред десет дена се вратила во Албанија. По вечерашното тестирање резултира дека станува збор за со обичен грип и негативен на коронавирус – стои во реакцијата на Министерството.

Жената,всушност била професрока по англиски јазик која подолго работела во Кина. По враќањето таа не покажувала никаков знак за грип.Но кога се посомневала се упатила во клиниката во Тирана, каде според министерството анализата била негативна на коронавирусот.

Во лабораторијата на Институтот за јавно здравје во Тирана постои овластена лабораторија која утврдува дијагноза за респираторни инфекции, вклучително и коронавирус.

Во меѓувреме, тројца студенти кои се вратиле од Кина, се скенирани на транзитни аеродроми каде што поминале по тргнувањето од Пекинг, како и на аеродромот во Тирана.

Направените анализи за коронавирусот,додека биле во Кина, биле негативни,но и покрај тоа здравствената состојба на студетнтите Институт за јавно здравје ќе ја следи околу 14 дена.вт/

Back to top button
Close
Close