БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Албанија е земја со најмал број бели мантили по глава на жител

Албанија е земја со најмал број лекари и средномедицински кадар по жител меѓу земјите од Европа и западен Балкан, но пандемијата може да ја влоши оваа состојба поради големата побарувачка на здравствени работници во земјите на ЕУ.

Тирана, 6 август 2020 (МИА) – Албанија е земја со најмал број лекари и средномедицински кадар по жител меѓу земјите од Европа и западен Балкан, но пандемијата може да ја влоши оваа состојба поради големата побарувачка на здравствени работници во земјите на ЕУ.

Според податоците на Меѓународниот економски форум во Виена, на кои се повикува весникот Монитор, во 2017 година 18 отсто од работната сила во здравството заминала надвор од земјата, пред се во Германија. Во периодот од 2010 до 2017 година Албанија ја напуштиле 772 лекари од општа пракса и специјалисти од разни медицински гранки.

„Оваа бројка претставува нешто повеќе од три генерации произлезени од Медицинскиот факултет во Тирана, каде просечно годишно дипломираат помалку од 200 лекари. Тоа значи дека од седум дипломирани генерации три емигрирале“, наведува весникот.

Според истиот извор вкупната бројка на лекари кои емигрирале во периодот 2010/2017 година изнесува 1.029, но бројката е многу поголема бидејќи од 2017 до 2020 година заминувањето на белите мантили е со многу поголема стапка.

Се проценува дека во последната деценија земјата ја напуштиле 4.000 лекари и над 6.000 медицински сестри. вт/

Таг
Back to top button
Close
Close