БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Албанија дополнително ќе ангажира 1.000 просветни работници на одредено време

Албанската министерка за образование, Евис Куши, инфорираше дека за да се задоволат потребите во образованието за време на пандемијата, во учебната 2020/2021 година дополнтелно ќе бидат ангажирани уште илјада просветни работници.

Тирана, 1 октомври 2020 (МИА) – Албанската министерка за образование, Евис Куши, инфорираше дека за да се задоволат потребите во образованието за време на пандемијата, во учебната 2020/2021 година дополнтелно ќе бидат ангажирани уште илјада просветни работници.

– Во основното и средното образовaние дополнително ангажирање на одредено време на 1.000 наставници за задоволување на потребите за образовен кадар за време на пандемијата во учебната 2020-2021 година, беше одобрено со одлука на Владата. За тоа на остварената средба ги информирав раководителите на регионалните дирекции и локалните канцеларии за образование, со кои разговаравме за текот на учебната година и за надминувањето на одредени прашања, напиша Куши на Фејсбук.

Во овој контекст, додава таа, им се заблагодарила за успешниот почеток на учебната година и побарала со уште поголема посветеност да се ангажираат во почитувањето на анти-ковид мерките во секоја образовна институција, како и да ги зголемат напорите и теренските инспекции со цел да се гарантра целосно почитување на протоколите од сите.

– Колку сме поригорозни во овој аспект, толку полесен ќе биде заеднички предизвик да се грижиме за здравјето на учениците, наставниците, родителите и кој било друг, а во исто време да обезбедиме непречено одвивање на процесот на наставата во оваа не толку лесна учебна годна, наведува министерката.

Во Албанија учебната 2020/2021 година почна на 14 септември и тоа една недела со физичко присуство, една недела онлајн. Во 1.097 училишта наставата се одвива во една смена, во 472 училишта во две и во 183 училишта во три смени. Наставниот час трае 30 минути а во учлница има до 20 ученици. Во секое училиште има и по еден здравствен работник. вт/

Таг
Back to top button
Close
Close