0_Спорт.ПорталФудбал

Алаба ја одби понудата на Баерн за нов договор

Дефанзивецот на Баерн, Давид Алаба ја отфрли понудата на клубот за обновување на договорот, објави „Sport1.de“.

Минхен, 31 март 2020 (МИА) – Дефанзивецот на Баерн, Давид Алаба ја отфрли понудата на клубот за обновување на договорот, објави „Sport1.de“.

Според германскиот портал, 27-годишниот Австриец ја одбил почетната понуда на Баварците затоа што сметал дека е неприфатлива. Состојбата со продолжување на договорот е комплицирана од пандемијата на коронавирус.

Претходно беше објавено за интерес за Алаба од Барселона.

Оваа сезона Алаба има 28 натпревари на сите натпреварувања во кои постигна гол и направи асистенција. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close