Политички партии

Алаѓозовски: Ја поставуваме културата на повисоко ниво со вклучување на граѓаните во креирање на програмата

Граѓанското учество стана главно обележје на нашето работење, во таа смисла е и денешната трибина и денешните говорници кои иако не се партиски членови, некои од нив одамна се со нас и ни помагаат во креирањето на програмата и стратегиите во културата, посочи Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисија за култура на СДСМ на трибината на СДСМ “Агенда - Култура 20-24”.

Скопје, 12 јануари 2020

Граѓанското учество стана главно обележје на нашето работење, во таа смисла е и денешната трибина и денешните говорници кои иако не се партиски членови, некои од нив одамна се со нас и ни помагаат во креирањето на програмата и стратегиите во културата, посочи Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисија за култура на СДСМ на трибината на СДСМ “Агенда – Култура 20-24”.

Остануваме посветени на европските вредности и развој, затоа ако нашата земја ако сака да стане дел од европското семејство мора да ги следи тие политики, најбитно е дека културата игра клучна улога во менувањето на нашата свест, свеста на нашите граѓани, а преку  европските политики и концепт ние ги негуваме и ги спроведуваме во нашата програма.

Ако претходно беше слободарска култура, сега таа треба да се насочи кон развој на културата следејќи ги европските трендови, посочи Алаѓозовски.

Алаѓозовски посочи дека културата е клучна од аспект на граѓаните и нивно учество во општествениот живот и затоа треба да водиме политики кои ќе го зголемат опсегот на луѓето кои се вклучуваат во целокупниот општествен живот во културата.

Модниот дизајн, филмската уметност и креативната економија е она на кое треба да останеме фокусирани во следниот период, вградувајќи ги во програмата Наша задача е да ја поставиме културата на ново, повисоко ниво, заклучи Алаѓозовски.

СДСМ со политиките во културата е на правиот пат, тој пат не носи кон Европската унија и европските вредности, порача претседателот на комисијата за култура на СДСМ, Роберт Алаѓозовски на трибината Агенда Култура 20-24.
Го враќаме достоинството на нашите културни работници, го вреднуваме нашето културно наследство и она што го имаме, но уште повеќе ги вреднуваме уметниците и сите дејци во културата кои ни носат европски и светски престиж и токму нив ги ставаме во центарот на вниманието.
Продолжуваме заедно со граѓаните, заедно со културните работници да ги креираме насоките за развој и унапредување на културата, заклучи Алаѓозовски.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close