• e martë, 24 shtator 2024

Чави ја одби Рома пред назначувањето на Јуриќ

Чави ја одби Рома пред назначувањето на Јуриќ

Рим, 24 септември 2024 (МИА) - Поранешниот тренер на Барселона, Чави одбил да ја преземе Рома, пишува „Кориере дело спорт“.

Рома на 18 септември објави отказ за Даниеле Де Роси како главен тренер на тимот. На негово место дојде Иван Јуриќ. 

Според италијанскиот весник, пред назначувањето на Јуриќ, римјаните контактирале со други тренери, но Чави, поранешниот тренер на Милан Стефано Пиоли и Франческо Фариоли (Ајакс) ја одбиле понудата на Рома.

Рома на 22 септември го совлада Удинезе (3:0) во деби мечот под водство на Јуриќ во 5. коло од италијанската Серија А. зс/

Фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR