• e premte, 27 shtator 2024

Циклонот „Ешли“ ќе ја погоди Романија – нови поплави на повидок во текот на викендот

Циклонот „Ешли“ ќе ја погоди Романија – нови поплави на повидок во текот на викендот

Букурешт, 27 септември 2024 (МИА) - Романија ќе биде погодена од лошо време за време на викендот. Издаден е жолт и портокалов код за поројни дождови и бури. Метеоролозите предвидуваат до 100 литри дожд на квадратен метар, што може да предизвика нови поплави. Температурите ќе паднат од 30 на 15 степени Целзиусови.

„Викендов, Романија ќе биде погодена од екстремни временски услови. Циклонот „Ешли“ ќе ја помине земјата од запад кон исток, со врв во недела навечер во Букурешт и јужните окрузи“, изјави директорката на Националната метеоролошка служба, Елена Матееску.

Министерот за животна средина, Мирча Фекет, предупреди дека состојбата може да предизвика слични ситуации како поплавите во Галац, кога седум лица загинаа поради циклонот „Борис“. Властите ги проширија набљудувањата на притоците на Дунав, а одлука за евакуација ќе биде донесена по состанокот на владината комисија за вонредни состојби.

Романската администрација за води предупреди дека ако протокот на Дунав надмине 15.000 кубни метри во секунда, може да дојде до поплавување на автопатот Соарелуј. ссм/

фото: архива/илустрација

QËNDRONI TË LIDHUR