• e enjte, 26 shtator 2024

Хоџај: Историската победа на полицијата во Бањска, косовската дипломатија ја претвори во изолација и санкции

Хоџај: Историската победа на полицијата во Бањска, косовската дипломатија ја претвори во изолација и санкции

Приштина, 25 септември 2024 (МИА) – Поранешниот министер за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџај изјави дека победата на косовската полиција во случајот од пред една година во Бањска во северно Косово, која ја нарече „историска“, косовската дипломатија ја претвори во изолација и санкции, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешната објава на социјалната мрежа Фејсбук, Хоџај вели дека исходот на српската агресија во Бањска пред една година е “победа на полицијата и безбедносните структури (на Косово), но колосален неуспех на дипломатијата“, со оглед дека „Србија не беше казнета како одговорна за агресијата, туку се случи спротивното – изолација и санкционирање на Косово“.

„Косово остана не само под санкции, туку и го напушти партнерството со западните сојузници, овозможувајќи ѝ на Србија приближување и враќање кон Западот. Србија денес е поразгалена отколку пред нападот на Бањска, додека владата на Косово, која вети дека нема да има дијалог без предавање на авторите на Бањска, денес во Брисел разговара со Белград за границите на косовските општини и за мостот на Ибар. Година дена почит за полицијата и безбедносните структури, како и за сојузниците кои ги поддржаа, но и потсетување на дипломатското фијаско што го доживува Косово: она што косовската полиција го постигна на терен, како вистинска историска победа, дипломатијата го претвори во стратешки пораз“, напиша Хоџај, кој е актуелен потпретседател на Собранието од редовите на најголемата парламентарна опозициска партија, Демократската партија на Косово.

Вчера се наврши една година од терористичкиот напад на српска група во Бањска во северно Косово, во кој беше убиен полицискиот поручник, Африм Буњаку. Во престрелката што уследи, загинаа и тројца од напаѓачите, додека другите побегнаа во Србија.

Во врска со случајот, на 11 септември годинава, Специјалното обвинителство на Косово покрена обвинение против 45 лица, меѓу кои и против поранешниот потпретседател на партијата на косовските Срби, Српска листа, Милан Радоичиќ, кој ја презеде одговорноста како водач на групата. иа/ссм/

QËNDRONI TË LIDHUR