• e premte, 27 shtator 2024

Флик: На Барселона и треба искусен голман

Флик: На Барселона и треба искусен голман

Барселона, 26 септември 2024 (МИА) - Тренерот на Барселона, Ханс Флик, објасни каков голман му е потребен на каталонскиот тим.

- Ињаки има 25 години, останатите се многу млади, а ако се случи нешто ни треба голман со искуство. Деку и јас имавме дискусии и размислувавме за ова. Работиме на тоа, ја цитира Marca изјавата на Флик.

Главниот голман на Барселона, Марк-Андре тер Штеген заработи повреда на коленото на натпреварот од шпанското првенство против Виљареал (5:1), кој се одигра на 22 септември. Тој ќе биде надвор од теренот околу осум месеци.

Во синоќешниот натпревар од 7. коло на Ла Лига со Хетафе (1:0), голот на каталонскиот клуб го чуваше Ињаки Пена. зс/

Фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR