• e premte, 27 shtator 2024

Фенербахче ја бојкотира турската кошаркарска репрезентација поради Галатасарај

Фенербахче ја бојкотира турската кошаркарска репрезентација поради Галатасарај


Истанбул, 26 септември 2024 (МИА) – Кошаркарскиот клуб Фенербахче соопшти денеска дека нема да ги пушти своите играчи на собирот на турската репрезентација, откако селекторот им изрази поддршка на фудбалерите на Галатасарај.
Одлуката доаѓа како реакција на потегот на селекторот на кошаркарската репрезентација Ергин Атаман, кој го тренира и грчки Панатинаикос, кревајќи три прста на едната и еден од другата рака, со што алудираше на победата на Галатасарај од 3-1 над Фенербахче во саботата во турската фудбалска лига.
Во објава на Инстаграм, Атаман рече дека гестот што го направил на пријателскиот кошаркарски натпревар во вторникот меѓу Панатинаикос и Галатасарај бил „непланиран“.
Овој чин претставува големо непочитување кон нашиот клуб, кон достоинството на селекторот на репрезентацијата, па дури и кон нашата земја“, соопшти Фенербахче.
Иако Атаман подоцна се извини за својата постапка, од Фенербахче порачаа дека не го прифаќаат извинувањето.
„Ја игнорираме неговата изјава за извинување до нашиот клуб и ја информираме јавноста дека донесовме одлука да не испратиме ниту еден наш играч во нашата машка репрезентација за време на неговиот мандат на оваа позиција, за која се потребни квалитети како достоинство и непристрасност“, соопшти клубот од Истанбул. ег

ФОТО: Фејсбук

 

QËNDRONI TË LIDHUR