• e enjte, 27 shkurt 2025

Федералните агенции во САД се подготвуваат за масовни отпуштања

Федералните агенции во САД се подготвуваат за масовни отпуштања

Вашингтон, 26 март 2025 (МИА) - Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп издаде наредба федералните агенции да подготват план за реорганизација до 13 март, како дел од подготовките за масовни отпуштања, објави Фокс њуз.

Според документот објавен од Федералната канцеларија за управување со човечки ресурси, мерката е дел од пошироката стратегија на Трамп и неговиот советник, милијардерот Илон Маск, за кратење на федералната администрација и намалување на буџетските расходи.

Трамп ја оквалификува федералната бирократија „преголема и нефункционална“. Досега беа отпуштени илјадници службеници кои биле на пробен период, а сега вниманието се насочува кон кариеpните службеници кои имаат заштита во државната служба. ссм/

фото: пиксабеј

QËNDRONI TË LIDHUR