• e enjte, 27 shkurt 2025

Фатени крадци во Кавадарци, следува пријава

Фатени крадци во Кавадарци, следува пријава

Скопје, 27 февруари 2025 (МИА) - Во Кавадарци утрово во 00.30 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Т.Б.(27) и П.А.(27) од Кавадарци.

Тие биле фатени веднаш по извршување „тешка кражба“ во паркирано товарно возило и работна машина во Кавадарци, при што одзеле нафта и други предмети.

- Во возилото во кое се превезувале било проанјдено одземеното,а лицата биле задржани во полициска станица. Извршен бил увид и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од МВР. цр/лв/

Фото: МИА архива 

QËNDRONI TË LIDHUR