Украина и нуди на Русија двете земји да престанат со нападите врз цивилни цели во Црното Море
- Понудата за запирање на нападите ја пренел Киев до Москва преку трета страна и според изворите Украина сè уште чека одговор.
Киев, 13 август 2026 (МИА) - Украина, преку посредник, ѝ испрати на Русија понуда во која се сугерира дека двете земји треба да престанат со нападите врз цивилни цели во Црното Море, изјавија денеска за западни медиуми извори запознат со ситуацијата.
Понудата за запирање на нападите ја пренел Киев до Москва преку трета страна и според изворите Украина сè уште чека одговор.
И Русија и Украина, кои се главни извозници на светскиот земјоделски пазар, се обвинуваа меѓусебно во претходниот период за засилено таргетирање бродови што се користат за извоз на земјоделски производи.
Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, изјави во саботата дека до Русија и Украина е доставен предлог двете земји да прогласат мораториум за меѓусебни напади во Црното Море.
Руската блокада на украинските црноморски пристаништа во регионот Одеса доведе до пад на извозот на жито од Украина за 76 проценти на годишно ниво во август, а земјоделскиот сектор предупреди на огромни последици за економијата ако тоа продолжи. зш/
фото ЕПА