Украина даде зелено светло за договорот со Вашингтон за ретките минерали
- „Денеска владата го одобри неопходното решение за потпишување договор меѓу Украина и САД за создавање инвестициски фонд за обновување“, напиша Шмигал на Телеграм.
- Post By Сања Костовска
- 20:51, 26 shkurt, 2025

Киев, 26 февруари 2025 (МИА) - Украинскиот премиер Денис Шмигал попладнево соопшти дека Владата во Киев го одобри договорот со Вашингтон за експлоатација на минералните ресурси на Украина.
„Денеска владата го одобри неопходното решение за потпишување договор меѓу Украина и САД за создавање инвестициски фонд за обновување“, напиша Шмигал на Телеграм.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно најави дека неговиот украински колега Володимир Зеленски ќе го посети Вашингтон в петок за да го потпише договорот. Сепак, Трамп даде до знаење дека САД нема да дадат широки безбедносни гаранции за Украина, иако Киев инсистира на такви гаранции. ссм/
фото: архива