• e premte, 27 shtator 2024

Трајковски: Напредуваат градежните работи на старата административна зграда на делчевското комунално претпријатие

Трајковски: Напредуваат градежните работи на старата административна зграда на делчевското комунално претпријатие

Делчево, 25 септември 2024 (МИА) - Од средината наавгуст 2024 година активно се рабoти на целосна  реконструкција на старата административна зграда на ЈКП Брегалница Делчево. Градоначалникот Горан Трајковски кој денеска изврши увид  на градежните работи очекува да завршат најдоцна до крајот на 2024 година.

- Работите опфаќаат поставување нова кровна конструкција, нова термоизлациона фасада, замена на сите прозори и врати со термоизолациони ПВЦ, нови тоалети, реконструкција на сите простории со  тавани,  зидови и подови, истакна Трајковски.

Тој додаде дека ќе се изврши и замена на постоечката инсталација за парно греење и други ставки наведени во проектната документација.

-Во моментот од увидот можам да кажам дека се завршени работите на изградба на подовите со изолација, а сега се работи на поставување на кровната конструкција, додаде Трајковски.

Работите ги изведува фирмата Панел М чија понуда била најповолна, а вкупната  инвестиција е во износ од 145.000 евра. вс/са/

Фото: МИА

QËNDRONI TË LIDHUR