Трамп вели дека САД не бараат да се продолжи рокот на Меморандумот за разбирасе со Иран
- Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД не бараат да го продолжат Меморандумот за разбирање што го потпишаа со Иран.
Вашингтон, 17 август 2026 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД не бараат да го продолжат Меморандумот за разбирање што го потпишаа со Иран.
-Техеран нема да се согласи со видот на договор за кој Трамп вели дека е потребен, изјави американскиот претседател.
Трамп, исто така, рече дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун одговорил на неговите предлози откако американскиот претседател му нареди на Пентагон да ги намали годишните заеднички воени вежби со Јужна Кореја.
„Ким Џонг-ун отсекогаш се однесувал кон мене со голема почит. Се сретнавме многу пати, двапати во големи пригоди - разговаравме и поминувавме време заедно. Го разбирам. Тој ме разбира мене“, рече Трамп. зш/
фото ЕПА