• e premte, 27 shtator 2024

Стартен пораз на Работнички во АБА 2

Стартен пораз на Работнички во АБА 2

 

Скопје, 26 септември 2024 (МИА) – Кошаркарите на Работнички со пораз стартуваа во регионалната АБА 2 лига, откако вечерва во Скопје претрпеа пораз од Сутјеска со 58-71 (21-37) во рамки на 1 коло во групата Б.

Најефикасни во редовите на македонскиот тим беа Дамјан Робев со 13 и Михаило Јовичиќ со 12 поени.

Работнички во 2 коло ќе гостува во Нови Сад на Војводина на 8 октомври.

Новата сезона во АБА 2 лигата стартуваше во вторникот кога МЗТ Скопје триумфираше над Тиват, додека третиот македонски претставник во регионалното натпреварување, Пелистер, својот воведен натпревар ќе го игра на 1 октомври на домашен терен против Широки. ег

ФОТО: Фејсбук

QËNDRONI TË LIDHUR