• e premte, 27 shtator 2024

Средношколци и вработени во гимназијата даруваа крв во крводарителска акција во Кавадарци

Средношколци и вработени во гимназијата даруваа крв во крводарителска акција во Кавадарци

Кавадарци, 26 септември 2024 (МИА) - Средношколци и вработени во гимназијата „Добри Даскалов“ даруваа крв во крводарителска акција во Кавадарци. Акцијата беше во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација - Кавадарци и ИТМ Скопје, информираа попладнево од кавадаречкиот Црвен крст. 

 - Во оваа крводарителска акција, доброволно даруваа крв, 24 крводарители, собрани се 24 единици крв, а со тоа уште еднаш е докажана хуманоста на учениците и вработените од училиштето, бидејќи низ годините наназад во гимназијата се спроведуваат успешни крводарителски акции, потенцираа од Црвениот крст. 

Оттаму упатија голема благодарност до учениците и нивните професори, кои несебично ја прифатија оваа акција и даруваа крв за да спасат живот. свд/бд/

Фото: Црвен крст - Кавадарци

QËNDRONI TË LIDHUR