• e diel, 01 shtator 2024

Сиљановска Давкова - Тошковски: Одличната координација помеѓу полицијата и армијата во гасењето на пожарите спречи многу поголеми штети

Сиљановска Давкова - Тошковски: Одличната координација помеѓу полицијата и армијата во гасењето на пожарите спречи многу поголеми штети

Охрид, 30 август 2024 (МИА) – Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска во вилата „Билјана“ во Охрид се сретна со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, при што било разговарано за одговорот на институциите на пожарите во земјата летово.

Како што соопшти Кабинетот на Тошковски, заедничка била констатацијата дека координацијата помеѓу полицијата и армијата, посебно околу гасењето на пожарите во југоисточниот дел на земјата, била на исклучително високо ниво што многу помогнало во справувањето со огнените стихии.

Во таа насока, министерот Тошковски и претседателката Сиљановска-Давкова разговарале за планираните реформи во креирање модерен и ефикасен систем за управување со кризи, што брзо и ефикасно ќе одговара на сите кризни ситуации.

Министерот ја информирал претседателката за безбедносната состојба во државата, актуелните оперативни акции, посебно во градот Скопје, и посветеноста на полицијата за одржување на безбедноста и сигурноста на сите наши граѓани. аб/са/

Фото: МВР

QËNDRONI TË LIDHUR