• e shtunë, 31 gusht 2024

Се чистат дивите депонии во општините Чаир и Бутел

Се чистат дивите депонии во општините Чаир и Бутел

Скопје, 30 август 2024 (МИА) - Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ подигнале и транспортирале приближно 100 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Бутел и Чаир.

Како што информираат од „Комунална хигиена“ - Скопје, подигнати се  приближно 70 кубни метри отпад од обемната дива депонија лоцирана на улицата „Боца Иванова“, на последната станица на автобусот 59, во непосредна близина на Градските гробишта Бутел.

Екипиите чителе и на улиците „Прохор Пчињски“ и „Струмичка“ во општината Чаир, каде се отстранети 30 кубни метри непрописно одложен отпад.

Активностите за расчистување на дивите депонии во општините Бутел и Чаир ќе продолжат и во текот на денешниот ден. мд/аа/

Фото: ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје 

QËNDRONI TË LIDHUR