• e premte, 14 gusht 2026

Седум загинати и 24 ранети во украински напад со дронови врз логистички центар во рускиот регион Тамбов

Седум загинати и 24 ранети во украински напад со дронови врз логистички центар во рускиот регион Тамбов

Mосква, 18 јули 2026 (МИА) - Во напад со украински беспилотни летала врз логистички центар во град во Западна Русија загинаа најмалку седум лица, а 24 се повредени, изјави денеска гувернерот на регионот.

„Во ноќта на 18 јули, украинскиот режим изврши терористички напад врз Котовск. Како резултат на непријателските беспилотни летала што го погодија логистичкиот центар „Вилдберис“, загинаа седум вработени од ноќната смена. Според прелиминарните податоци, повредени се 24 лица. Сите ранети ја добија потребната медицинска помош во медицинските установи во Котовск и градот Тамбов“, напиша гувернерот на Тамбовскиот регион, Евгениј Первишов, на својот Телеграм канал.

Тој објасни дека продолжува гасењето на пожарот што го зафати логистичкиот центар. На местото работат екипи на службите за Итна медицинска помош, противпожарните служби, силите на Министерството за вонредни ситуации и претставници на агенциите за спроведување на законот. рп/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR