• e premte, 27 shtator 2024

Русија во текот на ноќта со дронови го нападна Киев

Русија во текот на ноќта со дронови го нападна Киев

Киев, 26 септември 2024 (МИА) - Русија во текот на ноќта изврши напад со беспилотно летало врз украинскиот главен град Киев, предизвикувајќи штета на цивилната инфраструктура, соопштија градските власти.

Над градот беа забележани повеќе од десет јуришни беспилотни летала од иранско производство, од кои повеќето беа соборени, изјави Серхиј Попко, шеф на локалната воена администрација.

Во неколкучасовниот напад се оштетени 20-тина автомобили и една плинска цевка во станбена зона, а остатоци се најдени и на детското игралиште, додаде тој.

Русија редовно испраќа беспилотни летала и проектили над украинските градови и далеку зад првите линии на фронтот на нејзината инвазија која трае две и пол години. паг/

Фото: МИА архива



 

QËNDRONI TË LIDHUR