• e enjte, 29 gusht 2024

Рекордни 20 милиони луѓе се претплатиле на YouTube каналот на Роналдо за 24 часа

Рекордни 20 милиони луѓе се претплатиле на YouTube каналот на Роналдо за 24 часа

Ријад, 28 август 2024 (МИА) - Кристијано Роналдо постави рекорд за најбрз број на претплатници. Напаѓачот на Ал-Наср и Португалија е вклучен во Гинисовата книга на рекорди како личност со најмногу претплатници на YouTube за 24 часа - 19.729.827.

Шест дена по лансирањето на каналот на Роналдо, повеќе од 48 милиони луѓе се претплатија на него.

Роналдо е еден од најдобрите фудбалери во историјата. Неговата популарност не се намалува и на 39-годишна возраст.

Неодамна Португалецот изјави дека кариерата најверојатно ќе ја заврши во неговиот сегашен клуб, саудиска Ал-Наср. зс/

Фото: ЕПА 

QËNDRONI TË LIDHUR