• e martë, 24 shtator 2024

ПСЖ започна преговори за продолжување на договорот со Хакими

ПСЖ започна преговори за продолжување на договорот со Хакими

Париз, 24 септември 2024 (МИА) - ПСЖ влезе во преговори за продолжување на договорот со дефанзивецот Ахраф Хакими, пренесува новинарот Фабрицио Романо.

Парискиот клуб го смета 25-годишниот марокански фудбалер за еден од клучните играчи на тимот и има намера да потпише долгорочен договор со него.

Хакими игра за ПСЖ од јули 2021 година. Неговиот актуелен договор е со важност до крајот на јуни 2026 година.

Во сезоната 2024/25, Хакими постигна три гола и исто толку  асистенции на 11 натпревари за Пари Сен-Жермен во сите натпреварувања. зс/

Фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR