• e premte, 27 shtator 2024

Сиљановска Давкова во Њујорк оствари средба со Ахим Штајнер, администратор на УНДП

Сиљановска Давкова во Њујорк оствари средба со Ахим Штајнер, администратор на УНДП

Скопје, 26 септември 2024 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Њујорк, во рамки на посетата на САД по повод учеството на 79. Генерално собрание на Обединетите нации, оствари средба со Ахим Штајнер, администратор на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

На средбата, како што соопшти Кабинетот на претседателката, се разговарало за досегашната соработка и активностите на УНДП што се реализираат во земјава преку партнерства со македонските институции, општини и граѓанското општество.

Претседателката Сиљановска Давкова се заблагодарила за континуираната поддршка на УНДП, при што нагласила дека поддршката е значајна за македонскиот евроинтегративен пат, како и за креирање инклузивно општество во различни области.

Соговорниците изразиле задоволство од досегашниот тек на заемните активности што се во согласност со македонските национални приоритети, а се базираат на основа на принципите за одржлив развој и се усогласени со процесот на пристапување во Европската Унија. дма/бак/

Фото: Кабинет на претседателот на Република Северна Македонија

QËNDRONI TË LIDHUR