• e mërkurë, 25 shtator 2024

Почнаа градежни активности во штипската населба Баби

Почнаа градежни активности во штипската населба Баби

Штип, 23 септември 2024 (МИА) - Со поставување на павер елементи ќе се поврзат улиците „Крушевска Република“ и „Јајце“ во штипската населба Баби, најави на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Посочи дека станува збор за проект од Програмата за уредување градежно земјиште на општината за што се издвоени половина милиони денари. По барање на жителите од овој дел на градот се преземени активности за уредување на овој потег.

-Овде се започнати активности за поврзување на улицата „Крушевска Република“ со улица „Јајце“, еден потег кој во минатото е доста користен од граѓани, пешаци, но никогаш до сега не бил уреден. Со програмата за уредување на градежно земјиште испланиравме повеќе од половина милион денари се издвоени од Буџетот на општината за да се уреди овој потег, кој ќе се уреди со павер елементи и ќе користи за пешаците, изјави Јорданов.

 Активностите на терен продолжуваат и во наредниот период. Јорданов истакна дека во населбата Баби ќе се работи и  на уредување на тротоарските површини и подобрување на условите за живот на граѓаните во овој дел од градот.

Штипскиот градоначалник, Јорданов најави дека освен во населбата Баби, во текот на овој период на терен  ќе се работи во сите населени места во Штип. вдј/са/

Фото: МИА 

QËNDRONI TË LIDHUR