Пожар и експлозија во фабрика за муниција во близина на Рим, нема повредени
- Пожар проследен со силна експлозија избувна денеска во голема фабрика за производство на муниција во градот Колеферо, на околу 40 километри југоисточно од Рим, но според првичните информации од локалните власти и карабинерите, нема повредени.
- Post By Сања Костовска
- 19:37, 13 gusht, 2026
Рим, 13 август 2026 (МИА) - Пожар проследен со силна експлозија избувна денеска во голема фабрика за производство на муниција во градот Колеферо, на околу 40 километри југоисточно од Рим, но според првичните информации од локалните власти и карабинерите, нема повредени.
Експлозијата се случи попладнево во одделението за пресување барут и била толку силна што се слушала на повеќе километри во околината. На самото место веднаш се испратени повеќе екипи на противпожарната служба, но нивната интервенција била отежната поради високиот ризик од последователни експлозии.
BREAKING:
— Visegrád 24 (@visegrad24) August 13, 2026
A large explosion and fire hit a munitions plant in Colleferro, south of Rome, Italy.
The blast occurred at the plant owned by the major Italian defense manufacturer KNDS Ammo Italy, which produces medium- and large-caliber ammunition and solid rocket fuels.
🇮🇹 pic.twitter.com/MM1PuWXEyG
Инцидентот се случи во поранешниот погон „Симел дифеза“ (Simmel Difesa), кој денес е во сопственост на „KNDS Амо Итали“ (KNDS Ammo Italy), дел од француско-германската одбранбена групација KNDS. Во оваа фабрика се произведува муниција со среден и голем калибар за копнената армија и морнарицата, како и цврсто гориво за аерокосмички ракети.
Градоначалникот на Колеферо, Џулио Каламита, изјави дека ситуацијата е ставена под контрола и нагласи дека е голема среќа што инцидентот се случил во период кога фабриката работела со намален капацитет и помал број вработени. ссм/
фото: принтскрин