• e diel, 07 dhjetor 2025

Отворена изложба на уметници аматери од општина Илинден

Отворена изложба на уметници аматери од општина Илинден

Скопје, 6 декември 2025 (МИА) - Во галеријата на Домот на култура „Илинден“ е отворена ликовна изложба на група уметници-аматери кои живеат и творaт на територија на општината.

Изложени се околу 40 дела, а на изложбата, како што соопшти денеска Општина Илинден, присуствувал и градоначалникот Александар Георгиевски.

- Седмата по ред изложба од овој карактер претставува уште една потврда за континуираната заложба на општина Илинден во унапредувањето и негувањето на културата и уметничкото творештво. Општината останува цврсто посветена во создавање можности и простор за афирмација на сите таленти кои живеат и творат на нејзина територија, велат од Општината. бак/вг/

Фото: Општина Илинден

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR