• e premte, 27 shtator 2024

На ИФФК „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

На ИФФК „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Битола, 26 септември 2024 (МИА) - Јапонскиот кинематографер Јошио Китагава, прв доаѓа во Битола и на Балканот, а на ИФФК „Браќа Манаки“ „Зло не постои“.

На денешната прес конференција Китагава говореше за искуствата при снимањето со режисерот Рјусуке Хамагучи, со кој веќе го сними „Среќен час“, а соработувале при постигнувањето на големиот успех со филмот „Вози ја мојата кола“.

-Филмот „Зло не постои“ не доби многу голем буџет. Филмот ја тера публиката да мисли што ни значи природата и да доаѓа во кино салите, порача Китагава, заблагодарувајќи се што е дел од програмата на „Браќа Манаки“.

Во Европската Lo-Sap програма беше емитуван филмот „Бегај“ на казахстанскиот кинематографер Азамат Дулатов.

-Филмот го прикажува Казахстан во времето на Советскиот Сојуз, во 1930-те години, време обележано со брзата колективизација на фармите на Сталин и со најбруталниот глад што некогаш го видел модерниот свет.

-Во мајсторството на прикажување на сцените кои се снимале во степите многу помогна едукацијата, бидејќи, како што рече Дулатов имал дипломирано ликовна уметност.

Во фестивалскиот прес центар, кинематограферката Јошико Такано за документарниот филм „Гама“ поврзан со пештерите во Окинава.

-ГАМА пештерите за многумина не се познати во Јапонија, но на овој начин преку филмот ќе се запознаат со овие засолништа. Во документарниот филм внесовме визуелна поезија, рече меѓудругото кинематограферката Такано.

Во организација на ИФФК „Браќа Манаки“, кинематограферите од светот, освен низ Битола имаа можност да ги посетат Охрид и Кавадарци. мт/сст/

Фото: ИФФК „Браќа Манаки“

QËNDRONI TË LIDHUR