• e premte, 04 shtator 2026

НАТО тврди дека го следи развојот на руските бази за дронови со голем дострел

НАТО тврди дека го следи развојот на руските бази за дронови со голем дострел

Брисел, 17 август 2026 (МИА) -    НАТО „внимателно ги следи руските воени активности, вклучувајќи ги и нивните капацитети за удари со голем дострел и беспилотни летала“, изјави денеска неименуван портпарол на НАТО за британскиот весник „Индипендент“.

Ова беше кажано по истрагата на друг британски весник, „Телеграф“, која откри нови бази што и овозможуваат на Москва да лансира беспилотни летала способни да стигнат до територијата на земјите-членки на НАТО.

Врз основа на сателитски снимки и протечени документи, „Телеграф“ објави дека идентификувал десет руски локации со нови објекти за беспилотни летала со голем дострел, како и најмалку 59 нови локации за лансирање во близина на границите со Украина и Белорусија.

Се верува дека седум од овие десет локации веќе се користени во неодамнешните напади врз Киев. зш/

QËNDRONI TË LIDHUR