• e mërkurë, 25 shtator 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

25 септември 2024 

 

 

Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши ќе одржи средба со директорот на Меѓународниот републикански институт, Џон Флуарти. (Стар Кабинет/13:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање. (Сала 6/10:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Сала 6/11:00)

Скопје - Законодавно правната комисија ќе ги одржи 16-тата и 17-тата седница. (Сала 4/11:10/12:10)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски“/11:30)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала 5/12:00)

Скопје - Седница на Уставниот суд. (Уставен суд/9:30)

Скопје - Конференција „Од Словенија до Северна Македонија: Синергија на образованието и бизнисот во Северна Македонија“ во организација на  Амбасадата на Република Словенија со Друштвото на словенечки и македонски стопанственици и Македонската студентска организација во Словенија (МСОС). (х.„Хилтон“/9:30, ијзави за медиумите/11:20)

Скопје - Меѓународна научна конференција – „Градска Улица 6“ во организација на Архитектонскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. (9:00) 

Скопје - Сојузот на Здружение на дијабетичари на Северна Македонија. СЗДСМ ќе одржи тркалезна маса на тема „Дијабетес при срце кај пациентите со дијабетес“. (х.„Континентал“/18:00)

Скопје - Демо ден настан на првата Акцелераторска програма за импакт бизниси помеѓу Северна Македонија и Малта. (Europe House/10:00)

Скопје - Прес-конференција на Работничка партија. (пред Собранието на Република Македонија од страната на „Паркот на ЖЕНАТА БОРЕЦ“/ 12:00)

Охрид - Централна церемонија за доделување на медали на 31.  Балканска Олимпијада по информатика. (Општинска сала на Советот на град Охрид/ 10: 30)

Скопје - ZEN Инклузивно Soirée во организација на Здружението Икуалити. (Музеј на современата уметност)

Битола - ИФФК „Браќа Манаки“.

- Прес-конференција со гости кинематографери. (Офицерски дом/10:00)

- Панел - Бирање правилни сликарски четки. (Кино Манаки/11:15)

- Мастер чет со лауреатот Бруно Далбонел. (Кино Манаки/13:00)

- Проекција на филмот „Амели“ во чест на Бруно Далбонел. (Кино Манаки/21:00)

Софија - Книгата „Исти очи“ од Горјан Петревски на 13. Европска ноќ на литературата. (На локации за читање (читателски гнезда)/18:00)

Скопје - Промоција на Првата авторизирана биографија на легендарниот фудбалер Дарко Панчев. (Дајмонд мол, „Литература.мк“/19:00)

Скопје - Книжевна вечер со Андреј Ал-Асади. (КИЦ, Салон Империјал 2/19:30)

Скопје - 18. Меѓународна детска ликовна колонија „Свети Пантелејмон“ во организација на Општина Карпош. (Манастир „Свети Пантелејмон“)

Скопје - Промоција на новиот ТВ спот за Diners Македонија, во режија на Милчо Манчевски. (Лабораториум/11:00)

Прилеп - Концерт на проф. д-р Ангеле Михајловски и проф. д-р Татјана Џорлева. (НУЦК „Марко Цепенков“/19:00)

Скопје - Концерт на групата Синтезис. (Македонска Филхармонија)

Скопје - Прес конференција на Ракометниот клуб Вардар 1961. (СЦ „Јане Сандански“/11:00)

 

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

QËNDRONI TË LIDHUR