• e enjte, 27 shkurt 2025

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 27 февруари 2025 (МИА) - На 26.02.2025 во 19.20 часот во с.Брвeница, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово и Полициската станица Гостивар го привеле Х.В.(35) од Кавадарци.

МВР денеска соопшти дека тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од три години за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 и „одземање моторно возило“ по член 242 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната. 

На 27.02.2025 во 00.30 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Т.Б.(27) и П.А.(27) од Кавадарци. Тие биле фатени веднаш по извршување „тешка кражба“ во паркирано товарно возило и работна машина во Кавадарци, при што одзеле нафта и други предмети. Во возилото во кое се превезувале било пронајдено одземеното, а лицата биле задржани во полициска станица. Извршен бил увид и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 26.02.2025 во 20.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Д.Т.(22) и Д.Т.(22), двајцата од Куманово. Претходно, на ул.„Фетка Наскова“, тие не застанале на даден знак од полициски службеници и притоа фрлиле две тегли со марихуана, кои биле пронајдени и одземени. Лицата се приведени, а при приведувањето ги нападнале полициските службеници. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 26.02.2025 во 13.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 26.02.2025 во 17.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар,  полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.Д.(51) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 26.02.2025 во 19.45 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода П.П.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 26.02.2025 во 20.00 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.М.(22) од Штип затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. 

На 26.02.2025 во 22.30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.С.(21) од Штип затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. 

На 26.02.2025 во 14.30 часот во СВР Битола било пријавено дека на 25.02.2025 околу 17.15 часот на ул.„Батаљон Стив Наумов“ во Битола, при изведување градежни работи биле пронајдени неексплодирани гранати. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола безбедно ги подигнал гранатите, при што било констатирано дека станува збор за 145 артилериски гранати со калибар 75 мм., кои потекнувале од Првата светска војна. 

На 26.02.2025 во СВР Битола било пријавено дека околу 19.30 часот на магистралниот пат Прилеп – Битола, во близина на надвозник на Технолошко индустриската развојна зона Прилеп, товарно возило „ман'' со скопски регистарски ознаки со полуприколка со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(50) од Скопје, удрило во пешакот О.Б.(74) од с.Беровци, прилепско. Од здобиените повреди на местото починал пешакот О.Б., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Прилеп, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција. 

Денеска (27.02.2025) во 01.00 часот во Полициската станица Драчево, М.Д.(57) од Скопје пријавил дека ул.„Румена Хаџи Панзова“ во Скопје бил каснат од куче скитник. 

 На 26.02.2025 во 12.15 часот во Полициската станица Центар, М.И.(19) од Скопје пријавил дека на ул.„Димитрија Чуповски“ во Скопје бил каснат од куче скитник. 

На 26.02.2025 во 09.30 часот во Полициското одделение Сарај, П.С.(75) од Скопје пријавил дека во с.Долна Матка, скопско, бил каснат од куче скитник. 

На 26.02.2025 во 11.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, К.Д.(37) од Скопје пријавила дека на ул.„Нов живот“ во Скопје била касната од куче скитник.   

На 26.02.2025 во 16.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека група планинари од Чешка Република, кои се наоѓаат на Шар планина, во близина на границата со Р.Косово, бараат помош затоа што еден од нив, Ј.С., имал повреда на ногата. Веднаш било постапено по пријавата и била испратена екипа за спасување со ратрак и во 18.10 часот лицата биле пронајдени и вратени во Попова Шапка, од каде што повредениот со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Ургентен центар Тетово за укажување лекарска помош. цр/

Фото: МИА архива

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR