• e premte, 20 shtator 2024

Мароко уапси 152 лица под сомнение дека поттикнувале илегална миграција

Мароко уапси 152 лица под сомнение дека поттикнувале илегална миграција

Рабат, 20 септември 2024 (МИА) - Мароко уапси 152 лица на кои ќе му се суди под обвинение за користење на социјалните мрежи за поттикнување обид за масовна илегална миграција во шпанската енклава Сеута, изјави денеска владиниот портпарол.

Во последните денови, илјадници претежно млади Мароканци се собраа во западниот град Фнидек во обид да ја преминат границата. Нивните обиди беа спречени со најстрогите безбедносни мерки досега преземени во градот, рекоа локалните активисти за човекови права.

„Сите обиди беа спречени“, рече портпаролот Мустафа Бајтас.

„Околу 3.000 луѓе се обиделе илегално да преминат“, рече тој во првиот официјален коментар неколку дена по обидите за преминување на границата.

Мароко и Шпанија ја зајакнаа соработката за борба против илегалната миграција, откако Мадрид го поддржа мароканскиот план за спорната Западна Сахара во 2022 година.зш/

QËNDRONI TË LIDHUR