• e enjte, 26 shtator 2024

Либан тврди дека Израел продолжува со напади на југот и истокот од земјата

Либан тврди дека Израел продолжува со напади на југот и истокот од земјата

Бејрут, 26 септември 2024 (МИА) - Израелската армија продолжи со воздушните напади во Либан, соопштија денеска локални либански извори, пренесува ДПА.

Државната агенција NNA објави дека Израел утринава ја бомбардирал општинската зграда во близина на Набатие на југот од Либан.

Најмалку четири лица загинаа во напади во близина на границата, наведе денеска Министерството за здравство, пренесува германската агенција.

Државните медиуми наведуваат дваесетина локации каде што се случиле напади во текот на ноќта и утринава.

Либанското одделение за цивилна одбрана објави спасувачки операции, вклучително и во долината Бека, на истокот од земјата.

По израелските напади, спасувачите извлекле девојче и други повредени од урнатините, а исто така извлекле тела на загинати, се наведува во соопштението на цивилната одбрана.

Израелската војска соопшти дека воздушните сили во текот на ноќта и утринава гаѓале околу 75 локации во Либан, вклучувајќи ја долината Бека и јужниот дел, кои конкретна цел им биле складишта за оружје и ракетни фрлачи.сд/

фото:МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR